Profimedia

Кевин Костнер по разводот најде рамо за плачење кај бившата сопруга, на која пред 30 години ѝ дал 80 милиони долари

Холивудскиот актер Кевин Костнер најде неочекувана поддршка во својата прва сопруга Синди Силва, откако минатата година помина низ болен развод од Кристина Баумгартнер. Според извор близок до актерот, Синди му станала поддршка во тешките моменти.

„Кевин и Синди останаа блиски пријатели, а таа последниве месеци му помагаше да ја надмине емоционалната болка од раскинувањето со Кристин што е можно полесно. Таа е мудра жена и тој навистина цени што нивната некогаш тажна разделба се претвори во убаво пријателство“, откри извор за Дејли мејл.

Поранешните сопружници, кои се запознале во 1975 година како студенти на Универзитетот Фулертон, се венчале во 1978 година и се развеле по 16 години брак. И покрај разводот кој на Синди ѝ донесе околу 80 милиони долари, тие успеаја да изградат здрава врска, особено поради трите деца кои ги имаат заедно – Лили, Џо и Ени.

„Тие често се собираат, особено кога се родендени на нивните деца, и поминуваат квалитетно време заедно. Сè е многу пријателско“, додаде изворот.

Пред неколку години, Кевин Костнер немаше ништо друго освен пофалби за својата поранешна сопруга:

„Низ целата болка, Синди беше она што отсекогаш мислев дека е – вистинска дама. Сè уште имам љубов за неа.“

Додека 70-годишниот Костнер неодамна беше поврзуван со неколку познати дами, меѓу кои и Џевел, Шерон Стоун и Џенифер Лопез, Синди Силва, која сега има 68 години, живее мирен живот во Санта Барбара со Лери Амин, со кого е во брак повеќе од 20 години.

После разводот и турбулентниот љубовен живот, Костнер ја презеде одговорноста за неуспехот на неговиот прв брак: „До тоа доведоа низа истовремени настани. Знам дека повредив некои луѓе затоа што не успеав во мојот брак. Колапсот на мојот брак беше нешто најтешко за мене.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот