
Ке има крај на сезоната во Серија А само ако нареди Владата
Претседателот на Фудбалската федерација на Италија (ФИЦГ), Габриеле Гравина, повторно изјави дека ќе стори се за да се заврши првенството во Серија А бидејќи во спротивен случај загубите на екипите ќе изнесуваат речиси една милијарда евра.
Препорачано
– Ги штитам интересите на фудбалот и одбивам да потпишам прекин на сезоната, со исклучок доколку ни бидат презентирани објективни податоци и докази дека здравјето на фудбалерите е загрозено. Во тој случај луѓето одговорни за нашето здравје ќе мора да ми објаснат каква е состојбата за да не форсираме враќање на играчите на теренот. Замислете со какви проблеми ќе се соочиме доколку се прекине Серија А. Кој ќе испадне од лигата, а кој ќе влезе? Сите сакаат прекин, но јас барам итлаијанската влада да нареди такво нешто – вели Гравина.
Според првиот човек на италијанскиот фудбал, доколку не се доигра сезоната екипите ќе загубат речиси една милијарда евра.
– Доколку сезоната биде прекината, целиот фудбалски систем би загубил околу 700-800 милиони евра. Во случај да се продолжи натпреварувањето и средбите се играат пред празни трибини, тогаш загубите би биле околу 300 милиони евра.
Досега Владите на две европски земји донесоа да се прекинат сите спортски натпреварувања до септември, прва тоа го стори Холандија, а неделава таква одлука донесе и Франција.