Казни до 1.000 евра доколку во Црна Гора не пријавите дека сте купиле половен автомобил!

Глоба од 250 до 1.000 евра ќе изречат сите одговорни лица вклучени во технички преглед на моторни возила од секаков вид доколку во рок од 15 дена до даночната служба во местото на живеење на сопственикот и купувачот на користеното возило не ги достават документите од нивната надлежност врз основа на кои се утврдува промената на сопственикот.

Како што е наведено во Предлог-законот за данок на промет на користени моторни возила регулирано е плаќањето данок на промет на користени возила купени или набавени од правни и физички лица, доколку таквата продажба не подлежи на данок на додадена вредност (ДДВ). Новиот закон предвидува стимул за ажурираните купувачи на половни моторни возила, пловни објекти, авиони и воздухоплови, кои ќе плаќаат данок по стапка од 2,5 отсто доколку ја платат даночната обврска во рок од 90 дена од денот на примената на овој закон.

Ова се наведува во текстот на измената на законот за данок на промет на користени моторни возила, пловни објекти, авиони и воздухоплови, кој е објавен на веб-страницата на Владата на Црна Гора. Со новиот законски акт, кој сè уште е во нацрт-форма, се утврдува различна даночна основица за данок на промет во однос на тоа како е набавено половното возило, предупредува Каматица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот