Кавадарци најголемо жариште на грип

Во текот на петтата недела од 2024 година – од 29 јануари до 4 февруари, во државата се пријавени 1.675 случаи на групни пријави за заболени од грип -заболувања слични на грип. Тоа претставува 9,9 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со петтата недела од минатата сезона, е зголемен за 2,3 пати, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

-Во текот на оваа извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, пристигнаа 57 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и Ковид-19 (SARS-CoV-2). Притоа, детектирани се 15 позитивни случаи на Influenza: 14 Influenza А(H1)pdm09 и 1 Influenza А(H3). Регистрирани се два пациента со SARS-CoV-2, се наведува во извештајот.

Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години.

„Заболените се пријавени од 27 ЦЈЗ/ПЕ, во Кавадарци – 371, Скопје – 186, Битола – 169, а во останатите, бројот на пријавени е помал или еднаков на сто и педесет. Во три извештајни единици кои пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, во 13 сезонска, во осум средна, во Ресен и Крушево – висока и во Кавадарци – многу висока активност на вирусот на грип“, пишува во извештајот.

Во сезоната 2023/2024, вкупниот број на случаи на грип – заболувања слични на грип изнесува 8.662, што во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 48,9 отсто, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има зголемување од 10,5 проценти.

„Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се осум починати лица асоцирани со грип, три од Скопје и по едно лице од Куманово, Неготино, Гостивар, Демир Хисар и од Штип, пет од возрасната група на лица од 15 до 64 години и три од возрасната група на лица над 65 години, сите хоспитализирани, со коморбидитети и невакцинирани против сезонски грип. Кај осумте лица е докажан Influenza А(H1)pdm09“, покажуваат податоците на ИЈЗ.

Од ИЈЗ заклучуваат дека се забележува стабилизирање на бројот на заболувања слични на грип, кој е над неделната граница за сезонска активност.

Заклучно со петта недела од 2024 година, во земјава вакцинирани се вкупно 61.677 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот