
Кавадарчанка ќе одговара за „убиство во обид“ – со чекан ја удрила мајка си по главата додека спиела
Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе истрага против 32-годишна жена поради сомнение дека сторила кривично дело „убиство во обид“.
Препорачано
Како што информира Јавното обвинителство, вчера во раните утрински часови, при вршење семејно насилство, осомничената се обидела да ја лиши од живот сопствената мајка. Додека жртвата спиела во заедничкиот дом, осомничената која подолг период се заканувала дека ќе го стори делото, ја удрила својата мајка со тврд предмет (чекан) по главата. Сведок на настанот бил таткото на осомничената, кој ја задржал и не и дозволил да избега по настанот.
– Поради опасноста од бегство, пред се имајќи ја предвид висината на запретената казна за ваков облик на кривично дело, можноста да влијае врз сведокот или да се обиде да го доврши кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор, се вели во соопштението.
Судијата го прифатил предлогот и синоќа донел решение со кое на осомничената и определил притвор во траење од 30 дена.
Кавадарчанка со тврд предмет ја нападнала својата 60-годишна мајка
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
45сек
-
3мин
-
5мин
-
8мин
-
9мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5