Фото: колаж/Слободен печат

Катица Јанева, Сеат Кочан и екссудијата Панчевски барале Пендаровски да ги помилува, тој одбил

Поранешната шефица на згаснатото Специјално јавно обвинителство, Катица Јанева, некогашниот претседател на Основниот кривичен суд Скопје, Владимир Панчевски, и бизнисменот Сеат Кочан се обиделе да го искористат институтот Помилување – еден од прерогативите на претседателот на државата, за да го скратат својот престој во затвор каде што издржуваат повеќегодишни казни.

Сепак, како што дознава „360 степени“, претседателот на државата Стево Пендаровски ги одбил нивните барања, односно одбил да ги помилува.

Инаку, Јанева и Панчевски по првпат бараат помилување од шефот на државата, додека бизнисменот Кочан веќе еднаш се обиде да добие помилување во 2021 година, но и тогаш обидот беше неуспешен.

Процедурата е регулирана со Законот за помилување, а во одделот насловен „Комисија за помилување“ на интернет-страницата на претседателот на државата е појаснето како тече целата постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот