косово
Image: 333666674, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Natanael Natanael Alfredo Nemanita Ginting / Alamy / Alamy / Profimedia

КАС: Трошоците за изградба на Косово растат

Косовската агенција за статистика (КАС) го објави Индексот на трошоците за градежништво за четвртиот квартал од 2024 година. Според податоците на КАС, вкупниот индекс на трошоците во градежништвото е зголемен за 0,6% во однос на третиот квартал од 2024 година (К3 2024 година), додека во однос на истиот период минатата година (К4 2023 година), овој индекс бележи раст од 4,4%.

Индексот на вкупните трошоци на градежништвото во Косово се зголеми за (0,6%) во четвртиот квартал (К4) од 2024 година во споредба со третиот квартал (К3) од 2024 година. Пораст е забележан и кај транспортот (2,4%), платите (0,9%), материјалите (0,5%), другите трошоци (0,4%) и енергијата (0,1%), а намалена е потрошувачката за машини (-0,2%). Вкупниот индекс на градежните трошоци во Косово забележа пораст – (4,4%) во четвртиот квартал (К4) од 2024 година во однос на четвртиот квартал (К4) од 2023 година. „Најголеми зголемувања има за електрична енергија (20,6%), плати (12,8%), транспорт (10,9%), материјали (2,7%), машини (0,8%) и други трошоци (0,7%)“, соопшти КАС, објави Коссев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот