Марк Карни, премиер на Канада/Фото: EPA-EFE/ERIC REID

Карни: Украина ќе добие една милијарда долари воена помош следниот месец

Канадскиот премиер Марк Карни денес изјави дека беспилотни летала, муниција и оклопни возила во вредност од над 1 милијарда долари, како дел од новиот пакет помош на земјата, ќе пристигнат во Украина следниот месец.

„На самитот на Г7 во јуни, Канада вети дополнителни 2 милијарди долари воена помош. Денес, со гордост објавувам дека повеќе од 1 милијарда долари од тоа ќе бидат наменети за зајакнување на вашиот арсенал на оружје со беспилотни летала, муниција и оклопни возила, кои ќе пристигнат веќе следниот месец“, рече Карни во говорот на прославата по повод Денот на независноста на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот