
Кандидатот за советник претепан во Виница сè уште е во кома, МВР се огласи за инцидентот
Кандидатот за советник во општина Виница од партијата Демократски сили на Ромите и коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, кој вчера беше претепан во Виница, и натаму е во кома и во тешка состојба е префрлен од Ургентниот центар на Клиниката за неврологија, објави ТВ „24“.
Препорачано
Како што тврдат роднините на Имит Скопко, кој е на советничката листа за претстојните избори, нападот извршен од друг кандидат за советник од истата коалиција, има политичка позадина. Неофицијално, обезбедувачите на негови сопартијци го нападнале Умут вербално и физички – за да го присилат да се откаже од трката за советник.
На социјалните мрежи синоќа се појави снимка, на која се гледа како полициски специјалци се на улиците во Виница, додека голема група револтирани граѓани велат дека „ќе ја запалат Виница“ доколку нападнатиот кандидат за советник не преживее.
За инцидентот денеска се огласи и МВР.
„На 02.10.2025 во 18:20 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Д.М.(37) од Виница. Имено, по преземени мерки, утврдено е дека околу 11:25 часот пред угостителски објект во Виница, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу Д.М. и И.С.(40) од Виница. Притоа, И.С. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош во болницата во Кочани бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за понатамошно лекување. Увид на местото изврши екипа од СВР Штип – ОВР Виница, Д.М. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишува во полициското соопштение.
ВИДЕО: Големи тензии во Виница откако е претепан кандидат за советник