Конституивна седница во Собрание / Фото: Слободен печат - Драган Митрески
Конституивна седница во Собрание / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Кандидатите за членови на Советот на АВМУ се претставија во Собранието

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата вечерва ја заврши 14-тата седница, на која беа претставени кандидатите за новиот седумчлен состав на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). Од 24 кандидати кои ги исполнуваат условите од Конкурсот, своите биографии и визиите за работата на регулаторното тело за медиуми пред пратениците ги претставија 22-ца, откако кандидатурите ги повлекле Миле Бошњаковски и Виктор Грозданов.

Пратеникот Ѓорѓија Сајковски на крајот од седницата рече дека верува оти седумтемина што ќе бидат избрани „ќе го дадат максуимумот“ за да се подобрат медиумските услуги, но и дека со нивниот ангажман во Советот на ААВМУ ќе се овозможи и подостоинствена работа на новинарите.

„Верувам дека секој од нив би дал максимален придонес зашто на денешната јавна расправа слушнавме импресивни настапи и идеи за следниот период на АВМУ“, рече Сајковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот