Фото: МИА

Канаѓаните официјално ја презедоа компанијата „Адриатик Металс“, која управува со босанскиот рудник во Вареш

Канадската компанија „Данди Прешис Металс Инк.“ објави дека успешно го заврши преземањето на „Адриатик Металс Плц“, која управува со рудникот во Вареш, еден од најзначајните рударски проекти во Босна и Херцеговина. Купувањето беше реализирано преку план за реорганизација одобрен од судот во согласност со британскиот закон. Сите услови за преземање беа исполнети на крајот на август, а одлуката на судот официјално стапи на сила на 3 септември 2025 година, пишува Бизнисинфо.ба, пренесува Фактор.ба. Со аквизицијата, „Данди Прешс Металс“ стана 100-процентен сопственик на рудникот Вареш, подземен комплекс кој произведува сребро, олово, цинк и злато.

Овој рудник привлече големо внимание во последните години поради високиот квалитет на рудите и значајниот економски потенцијал за локалната заедница и цела Босна и Херцеговина.

– Денес е важна пресвртница за нашата компанија. Со додавањето на операцијата во Вареш, ДПМ се позиционира како водечка рударска компанија со силен развоен потенцијал и врвни проекти во фазата на истражување и проширување – изјави Дејвид Реј, претседател и извршен директор на ДПМ.

Рудникот за сребро во Вареш беше продаден на канадска компанија за 1,25 милијарди американски долари Тој додаде дека компанијата ќе го искористи своето искуство во подземна експлоатација, управување со проекти и оптимизација на процесите со цел да го реализира целосниот потенцијал на рудникот во Вареш. Експертите проценуваат дека ова преземање би можело да ја позиционира Босна и Херцеговина како важен играч на европскиот пазар на суровини на долг рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!