Градинка во Русија оштетена во земјотресот од 8,8 степени на Камчатка / Фото: EPA/EFE

Камчатка се помести за два метра по силниот земјотрес

Силниот земјотрес кој неодамна ја погоди руската Камчатка предизвикал поместување на полуостровот за цели 2 метра, како и благо намалување на неговата висина, соопштија од Руската академија на науки.

Според Данила Чебров, директор на Камчатскиот огранок на Обединетата геофизичка служба, не се очекуваат нови сериозни последици од потресот.

„Поместувањето е директен резултат на силен земјотрес. Затоа, таму нема да се случи ништо дополнително, освен она што следи како дел од процесот на афтершокови“, изјави Чебров за Известија.

Иако регионот останува сеизмички активен, Чебров нагласи дека овие промени се дел од природниот тек на настаните по вакви големи земјотреси, и дека нема причина за паника.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот