Камала Харис, кандидатка за претседател на САД/Фото: Rebecca NOBLE / AFP / Profimedia

Камала Харис засега не планира никаков политички ангажман

Поранешната потпретседателка на САД и претседателски кандидат на Демократската партија на изборите одржани минатата година, Камала Харис, денес изјави дека во моментов нема намера да се врати во американскиот политички систем бидејќи верува дека тој е „пропаднат“, пренесува Гардијан.

Зборувајќи во своето прво интервју по изборниот пораз од Доналд Трамп, во емисијата „Late Show“ со Стивен Колберт, Харис рече дека донела одлука да не се кандидира за ниедна позиција, барем засега, вклучително и за позицијата гувернер на Калифорнија, која ѝ беше понудена, пренесува Гардијан.

„Едноставно не сакам повторно да влегувам во тој систем. Мислам дека е распаднат“, рече Харис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот