Ибрахим Калин / Фото Ozan KOSE / AFP / Profimedia

Калин: Самитот на НАТО во Мадрид не е краен рок за одлука за кандидатурите на Шведска и на Финска

Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин изјави дека Самитот на НАТО во Мадрид кон крајот на јуни не е краен рок за носење одлука за кандидатурите на Шведска и Финска за членство во Алијансата.

Тој, за турската државна новинска агенција Анадолија, повтори дека напредокот во кандидатурата за членство зависи од тоа како Шведска и Финска ќе одговорат на турските барања.

„Не чувствуваме дека сме под никаков временски притисок од типот да го направиме тоа до самитот на НАТО. Тука е важно Шведска и Финска отворено, јасно и конкретно да кажат какви чекори ќе преземат во борбата против тероризмот“, посочи Калин.

Шведска и Финска минатиот месец поднесоа барање за членство во НАТО, но нивните кандидатури наидоа на отпор од Турција, обвинувајќи ги дека ги поддржуваат курдските екстремисти.

Членството во НАТО треба да биде одобрено од сите 30 земји-членки.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!