ФОТО : Архива

Калас: ЕУ годинава ќе ѝ обезбеди на Украина 25 милијарди евра поддршка

Европската Унија годинава ќе ја обезбеди досега најголемата поддршка за Украина во износ од 25 милијарди евра, изјави денеска шефицата за надворешна политика на Европа, Каја Калас, пред Европскиот парламент.

„Меѓународните напори за завршување на војната во Украина се зголемуваат во последните месеци, но одговорот на Русија е сè уште агресија. Путин не покажа интерес за постигнување мир и нема да ја запре војната сè додека не биде принуден“, рече Калас на првата седница од новата парламентарна сезона.

Таа истакна дека од почетокот на целосната инвазија врз Украина во 2022 година ЕУ досега обезбедила речиси 169 милијарди евра финансиска поддршка.

„Ова вклучува над 63 милијарди евра воена помош. Само оваа година, ЕУ ќе обезбеди најголема поддршка досега – 25 милијарди евра“, истакна Калас.

Каја Калас / Фото EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

„Целта за обезбедување два милиона парчиња муниција годишно е исполнета со 80 проценти, а очекуваме до октомври да биде исполнета стоотстотно. Сето ова го правиме за да може Украина да се одбрани себеси и своите граѓани од агресија“, рече Калас.

Таа, исто така, потсети дека ЕУ досега воведе 18 пакети санкции врз Русија поради нејзината агресија врз Украина, а во подготовка е и 19-от пакет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот