ЕУ и Украина/ Profimedia

Калас: Ако ЕУ плати за оружје за Украина, тоа ќе биде европска помош, а не од некој друг

Европската комесарка за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека ако Европската Унија плати за оружје за Украина, тоа ќе биде европска поддршка, а не поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп.

Таа го кажа ова по повод најавата на Трамп дека Америка дополнително ќе ја вооружува Украина, што всушност ќе го плати ЕУ, а кое, пишува Гардијан, предизвика тензии и несогласувања меѓу Брисел и Вашингтон.

Каја Калас, Комесар за надворешна политика на ЕУ/Фото; EPA-EFE/JULIEN WARNAND

„Ако ние платиме за тоа оружје, тогаш тоа е наша помош. Тоа е европска поддршка и ние правиме сè што можеме за да ѝ помогнеме на Украина“, рече Калас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот