unsplash
Работа/ Фото: ЕПА

Какви последици ја очекуваат компанијата која го предизвика „синиот екран на смртта“?

Американската компанија за сајбер-безбедност, „КраудСтрајк“, стана познато име од погрешни причини во петокот, откако неуспешното ажурирање на софтверот предизвика „хаос“ ширум светот, а тоа може да поттикне преиспитување меѓу инвеститорите и купувачите, велат аналитичарите.

Меѓу последиците, тие посочуваат дека акциите на компанијата паднаа за повеќе од 11 отсто во петокот, откако технолошка грешка ја прекина и попречи работата во неколку индустрии во светот – од затворање јавни сервиси, стопирање летови, до неможност за емитување медиумски програми и друго, пренесува Пословни хр.

Се вели дека „КраудСтрајк“ претходно достигна пазарна капитализација од околу 83 милијарди долари и е меѓу најпопуларните даватели на сајбер-безбедност во светот, со близу 30.000 претплатници ширум светот.

Компанијата е исто така софтверска миленичка на инвеститорите поради нејзиниот раст и високите маржи, а нејзините акции се удвоија во изминатата година, пред падот во петокот. Но, аналитичарите велат дека прекинот на многу системи поради (нивната) технолошка грешка може да ги принуди и клиентите и инвеститорите да ја преиспитаат нивната зависност од компанијата, отворајќи ја вратата за потенцијалните ривали како што е Пало Алто Нетворкс, чии акции во петокот пораснаа за 1,7 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот