Фото: Профимедиа

Како изгледа мозокот на вашето дете додека користи телефон? Зависноста од социјалните мрежи има страшни последици

Откако ќе го дознаете ефектот што паметните телефони го имаат врз мозокот на нашата следна генерација, можеби ќе размислите двапати дали да му купите мобилен телефон на вашето дете.

Научниците предупредија дека тинејџерите се многу поподложни да станат зависни од нивните мобилни телефони бидејќи нивниот мозок сè уште се развива на оваа возраст и прекумерната употреба може целосно да ги промени. Во овој момент од нивниот живот, нивниот префронтален кортекс, во суштина „контролниот систем“ на мозокот, сè уште се развива и станува премногу зависен од моменталното задоволство што младите го добиваат од социјалните мрежи- пишува Телеграф.рс.

За време на една епизода од британската програма „ITV“, експертите анализираа снимки со магнетна резонанца, кои покажаа како мозокот на адолесцентот реагира на пријатните искуства како што се посетата на „TikTok“ или „Instagram“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ITV Tonight (@itvtonight)


Професорката по невронаука и ментално здравје, Кира Мекејб, објасни дека возрасните со целосно развиен мозок знаат кога „доста е“, додека денешната младина не размислува на овој начин.

И како резултат на тоа, тинејџерите се повеќе склони кон зависно однесување бидејќи се навикнати да ја добиваат таа редовна стимулација што доаѓа од онлајн содржините.

Наместо да ги искусат радостите на реалниот живот, тие бараат брз наплив на допамин.

– Кога сте возрасен и гледате во телефонот, очигледно го имате активиран системот за наградување на вашиот мозок, но имате и целосно развиен префронтален кортекс и тоа е како контролен систем. Постојат докази кои сугерираат дека адолесцентниот или тинејџерскиот мозок реагира поинаку од мозокот на возрасен, особено на наградувачките искуства. Ова е веројатно затоа што делови од префронталниот кортекс сè уште не се целосно развиени кај помладите луѓе- вели професорката.

Таа објасни дека тоа ги става тинејџерите на поголем ризик да станат зависни од социјалните мрежи, бидејќи нивниот мозок се навикнува на постојаниот допамин што го добиваат додека се онлајн.

Други студии исто така дадоа слични резултати, а истражувањето спроведено во САД во 2022 година сугерира дека мозокот на тинејџерите кои се под постојано влијание од содржината на телефонот се развива поинаку. Експертите од Универзитетот во Северна Каролина претходно објаснија дека младите луѓе кои ги проверувале нивните онлајн платформи до 20 пати на ден станале „пречувствителни“ на социјалните повратни информации за разлика од нивните врсници кои не биле на социјални мрежи.

Оваа навика била поврзана со подоцнежните промени во тоа како нивниот мозок реагирал на светот околу нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот