
Како изгледа кога вештачката интелигенција тргува на берзата со 100 долари?
На Reddit, на форумот r/Dataisbeautiful, корисникот Натан Смит ги сподели резултатите од својот шестмесечен експеримент со кој тестира колку успешно јазичен модел на вештачка интелигенција може да тргува на берзата.
Препорачано
Смит го ангажираше ChatGPT, поточно неговата напредна верзија GPT-4o, и му даде почетен буџет од 100 долари. Веќе по првиот месец, вештачката интелигенција оствари поврат од 25%, што во овој случај е профит од 25 долари. Иако сумата е мала, процентот на раст е значаен, особено кога ќе се земе предвид дека индексите како S&P 500 пораснаа за помалку од 3% во истиот период.
За разлика од традиционалните пазарни индекси, ChatGPT успеа да препознае потценети акции со потенцијал за раст и со тоа да ја надмине конкуренцијата – барем во овој ограничен експеримент, пишува Nova.rs.
Ова не е прв пат да се тестира способноста на вештачката интелигенција да предвидува движења на берзата. Научници од Универзитетот во Дуизбург-Есен објавија труд во декември минатата година во кој тврдат дека моделите на OpenAI можат да идентификуваат профитабилни акции.
Сепак, не сите го делат тоа мислење. Професорот по финансии од Универзитетот во Флорида, Алехандро Лопез-Лира, за Morningstar изјави дека гвештачката интелигенција сè уште не е сигурна во тргувањето кога станува збор за поголеми износи.
„Резултатите изгледаат подобро на хартија отколку во реалноста. Ако вештачката интелигенција беше толку добра, сите ќе ја користеа и таа целосно ќе го нарушеше пазарот“, рече Лопез-Лира.
И покрај ограничувањата, експериментот на Натан Смит привлече големо внимание и покрена нови прашања за улогата на вештачката интелигенција во финансиите на иднината.