
Иранските ракети докажаа дека „Железната купола“ на Израел не е непробојна
Израел, како што се верува , има најдобро тестирани системи за противракетна одбрана во светот.
Препорачано
Сепак, во најновиот конфликт на Блискиот Исток, иранските ракети докажаа дека воздушната одбрана на Израел не е непробојна.
Ракетите од Иран ги пробија израелските системи за воздушна одбрана, пред сè Железната купола, уништија разни објекти низ Израел, убија и ранија луѓе.
На 13 јуни 2025 година, Израел го нападна Иран, тврдејќи дека тоа е единствената одбрана против иранска нуклеарна бомба што наводно била на повидок.
Израел претходно беше на мета и од други ракети од Иран, либанскиот Хезболах, Хамас од Газа и/или оние испукани од јеменските бунтовници Хути.
Израелските власти и војската се фалат дека воздушната одбрана ги пресретнува повеќето дојдовни ракети на различни висини и растојанија.
Но, се случило и претходно некои да паднат на израелска територија – од 13 јуни 2025 година, сè повеќе ирански ракети погодуваат цели во Израел.
Какви противвоздушни системи има Израел и како функционираат тие?
Железната купола, најпознатиот ракетен штит на Израел, служи за пресретнување ракети со краток дострел, како и гранати и минофрлачи, испукани од растојание од четири до 70 километри.

Давидовиот чатал е дизајниран да уништува ракети со долг дострел, крстосувачки ракети и балистички ракети со долг дострел испукани од растојание до 300 километри.

Стрела 2 и Стрела 3 треба да го заштитат небото од балистички ракети со среден и долг дострел кога се оддалечени до 2.400 км.

Како функционира „Железната купола“?
„Железната купола“ е дел од широк систем за ракетна одбрана што работи над Израел, а чини милијарди долари.
Системот користи радар за следење на дојдовните ракети, а потоа испукува две пресретнувачки ракети за да ги собори.
Технологијата прави разлика помеѓу ракетите што веројатно ќе ги погодат населените области и оние што ќе ја промашат целта.
Само оние ракети што се упатуваат кон градовите се таргетираат и соборуваат, што го прави системот поисплатлив.
Израелската војска досега тврдеше дека „Железната купола“ уништува 90 проценти од ракетите што ги таргетира.
Се смета дека секоја од неговите ракети „Тамир“ чини околу 50.000 долари.

Системите се распоредени низ целиот Израел, а секоја батерија се состои од три или четири лансери, од кои секој носи по 20 пресретнувачки ракети.
Развиен е по војната меѓу Израел и Хезболах во 2006 година, кога либанската група испали речиси 4.000 ракети кон Израел, предизвикувајќи огромна штета и убивајќи десетици цивили.
Системот „Железна купола“ е развиен во соработка со Американците од страна на израелските компании „Рафаел адвансд дефенс системс“ и „Израел аероспејс индастрис“.
САД инвестираа повеќе од 200 милиони долари во овој проект.
Системот беше распореден во 2011 година и беше користен за прв пат во борба таа година, пресретнувајќи ракета испукана од Газа, палестинска енклава управувана од Хамас од 2007 година.
Од октомври 2023 година, ракетите на системот пресретнале десетици илјади ракети испукани од други екстремистички групи од Газа, соопшти израелската војска.

Како функционира против ракетниот систем „Давидовиот чатал“ ?
,,Давидовиот чатал“ наречен „Магично стапче“ на хебрејски, може да пресретне ракети на растојание до 300 километри.
Овој против ракетен систем е заеднички развиен од „Рафаел Адвансд Дефенс Системс“ од Израел и американскиот „Рејтеон“.
Овој систем за прв пат е инсталиран во 2017 година.
Неговите ракети „Станнер“ се дизајнирани да соборуваат балистички ракети со краток, среден и долг дострел на мали височини.
Како и „Железна купола“, овој систем ги таргетира само ракетите што се закана за населени области.
,,Давидовиот чатал“ се користи и за пресретнување авиони, беспилотни летала и крстосувачки ракети.
Секоја ракета испукана од овој систем чини околу милион долари.

Овој систем, прв пат беше користен во септември 2024 година за соборување на балистичка ракета испукана од Хезболах од Либан.
Израелската војска соопшти дека ракетата била иранско производство „Кадр-1“ – балистичка ракета со среден дострел способна да носи боева глава од 700 до 1.000 килограми.
Како функционираат ракетите од системот „Стрела“?
„Стрела 2“ е дизајниран да уништува балистички ракети со краток и среден дострел додека летаат низ горната атмосфера, на околу 50 километри над Земјата.
Работата на системот започна по Првата Заливска војна во 1991 година, кога Ирак испали десетици советски ракети „Скад“ кон Израел.
Овој противвоздушен систем е во употреба од 2000 година.
„Стрела 2“ може да детектира ракети од растојание од 500 километри.
Ги пресретнува на релативно краток дострел – на растојанија до 100 км од местото на лансирање.
Неговите ракети патуваат со брзина девет пати поголема од брзината на звукот и може да ги испали кон до 14 цели одеднаш.
„Стрела 2“ наводно првпат била употребена во борба во 2017 година, за да собори сириска ракета земја-воздух.
Системот „Стрела 3“ првпат беше распореден во 2017 година и е дизајниран да пресретнува балистички ракети со долг дострел додека се движат на врвот на својот лак, надвор од Земјината атмосфера.

Има дострел од 2.400 километри.
Беше ставен во употреба во 2017 година и беше користен за прв пат во борба во 2023 година, за да пресретне балистичка ракета испукана од јеменските бунтовници Хути кон крајбрежниот град Еилат, во јужен Израел.
Системот „Стрела 3“ беше заеднички развиен од државната компанија „Израел аероспејс индустрис“ и американскиот „Боинг“.
Сите израелски системи за ракетна одбрана беа користени за да се спротивстават на масовен напад со беспилотни летала и ракети од Иран во април 2024 година.
Тие, како и борбени авиони од САД, Велика Британија и Обединетите Арапски Емирати, соборија 300 ирански ракети, објави тогаш израелската армија.

Што е американскиот систем „Тад“?
По иранскиот напад врз Израел во октомври 2024 година, администрацијата на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден го снабди Израел со батеријата Taad (Терминална одбрана од висока надморска височина – Thaad).
Ракетите Tad се дизајнирани да работат на сличен начин како праќката на Давид, пресретнувајќи непријателски ракети во нивната последна фаза од летот, на дострел од 150-200 километри.

Системот може да пресретнува непријателски ракети во и надвор од Земјината атмосфера.
Американските претставници претходно изјавија дека системот Tad ќе ја зајакне воздушната одбрана на Израел по иранскиот ракетен напад на почетокот на октомври 2024 година како одговор на убиствата на лидерот на Хезболах, Хасан Насралах, и политичкиот лидер на палестинскиот Хамас, Исмаил Ханија.