
Како Деби Хери од „Блонди” му избегала на озлогласениот сериски убиец Тед Банди
Легендарната пејачка Деби Хери, претставничка на Новиот бран и дел од маркантниот рок бенд „Блонди”, сѐ уште стои зад тврдењето дека за малку му избегала на озлогласениот сериски убиец Тед Банди, за кој официјално се знае дека има киднапирано, силувано и убиено над 30 млади девојки.
Препорачано
Таа се навраќа на самиот сплет на околности, што се случил додека барала такси во текот на една вечер, во 70-тите години, што е токму и периодот кога Банди најмногу „оперирал”. Тој застанал со мал бел автомобил, и ѝ понудил да ја префрли до кадешто сакала. Се обидела да го игнорира, со тоа што продолжила да мавта барајќи такси, но се сеќава дека тој бил сосема упорен и ја прашал каде всушност се обидува да стигне. Откако му кажала дека локацијата е на неколку квартови оддалечена, тој инсистирал да влезе.
„Класично сценарио во кое многу жртви, особено во 70-тите, го виделе својот крај.”, поентира Деби.

Откако влегла во автомобилот, сфатила дека направила голема грешка. Вратите немале кваки од внатрешноста, имало одредена пукнатина на прозорецот и мирисало на нешто труло. Таа согледала дека позицијата во која се наоѓа не е баш сјајна, и била предизвикана да реагира брзо.
Постепено го отворала прозорецот, обидувајќи се остане мирна и сталожена. Успеала да ја протне раката со цел да ја повлече кваката од надворешноста. Како што Тед го воочил истото, нагло и брзо свртел со возилото, таа ја повлекла вратата и „слетала” на улицата.
Многумина ја анализирале нејзината приказна, но судејќи по начинот на кој таа се претставувала себеси, негувајќи отвореност и искреност за својот приватен живот, би било прифатливо да се каже дека најверојатно сето тоа, навистина се случило.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
27мин
-
57мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5