Каја Калас, Комесар за надворешна политика на ЕУ/Фото; EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Каја Калас: Екстремизмот, Русија и Иран немаат место во иднината на Сирија

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Каја Калас денеска изјави дека екстремизмот, Русија и Иран не треба да имаат место во иднината на Сирија.

„Многу министри за надворешни работи истакнаа дека тоа треба да биде услов за новото раководство, да го елиминира руското влијание (во Сирија)“, изјави Калас за новинарите по состанокот со министрите за надворешни работи на ЕУ, пренесе Ројтерс.

Неколку сириски функционери потврдија дека Русија ја повлекува својата војска од линијата на фронтот во северна Сирија и од позициите во планините Алавити, но дека Москва не ги напушта двете главни бази во земјата по соборувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад, пренесувa Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот