Лондон, Англија, Велика Британија / Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Каде живеат европските милијардери?

Мапата на европското богатство се промени. Додека Лондон и Париз продолжуваат да бидат на врвот на листата, нови градови како Амстердам, Копенхаген и Барселона излегуваат на виделина, преобликувајќи го економскиот пејзаж на континентот. Овие промени привлекуваат претприемачи, научници и инвеститори, обликувајќи ги пазарите на трудот и инвестициските текови.

Еве еден преглед на најбогатите градови во Европа:

Лондон – Британската престолнина останува симбол на финансиска моќ со 227.000 милионери и 62 милијардери. И покрај Брегзит, Лондон е сè уште седиште на најголемите банки и инвестициски фондови во светот, а неговиот „Градски“ округ привлекува капитал од целиот свет.

Париз – Вториот најбогат град во Европа. Освен што е глобален центар за луксузни стоки и мода, Париз е дом и на вториот најголем банкарски центар во Еврозоната, со 165.000 милионери и 43 милијардери.

Франкфурт – Срцето на европското банкарство, дом на Европската централна банка. Неговата улога е зајакната по Брегзит.

Цирих и Женева – Швајцарија останува синоним за финансиска безбедност. Цирих, третиот најбогат град во Европа, е дом на значителен број ултрабогати, со повеќе од 100.000 милионери. Женева, со 74.200 милионери и 6 милијардери, е клучна за приватното банкарство и меѓународната дипломатија.

17 лекции кои милионер му ги оставил на својот син: Тие ќе ви послужат како мапа за тоа како да не го трошите животот залудно

Луксембург – Еден од најмалите, но и најмоќните финансиски центри во светот. Изгради репутација благодарение на поволните даночни политики и политичката стабилност.

Минхен – Технолошки центар на Германија. Дом е на гиганти како БМВ и Сименс, заедно со растечка високотехнолошка сцена.

Милано – Модната престолнина на Италија, но и важен економски центар со силен банкарски и финансиски сектор.

Москва – Градот со најмногу милијардери во Европа. Руската престолнина има 74 милијардери и околу 250.000 милионери.

Копенхаген и Стокхолм – Моделот на успех на Нордстром. Копенхаген е лидер во зелените технологии, додека Стокхолм го предводи патот во стартап екосистемот и телекомуникациите- пренсе Каматица.хр.

Во Црна Гора живеат околу 2.800 милионери

Мадрид и Барселона – Шпански градови кои ја вратија својата економска слава. Мадрид е административен и финансиски центар, додека Барселона ги привлекува богатите преку туризам, дизајн и технолошки стартапи.

Виена – Комбинација од традиција и современ бизнис. Комбинира богато културно наследство со ИТ услуги и биотехнологија, а стабилната економија и високиот квалитет на живот го прават посакувана дестинација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот