Пруга / Фото МИА

Каде треба да се гради брзата пруга до Гевгелија?

Корисно е да има повеќе предлози од кои комисија составена од стручни лица од повеќе области ќе избере варијанти за подетална обработка (идејни проекти), од кои, пак, ќе се избере најповолната варијанта за изградба на железничката пруга.

Во врска со изградбата на брза пруга на централниот коридор Север – Југ во средствата за јавно информирање се предлагани повеќе варијанти, меѓу кои и со заобиколни траси, а во последно време како да е прифатено изградбата да биде по постојната траса. Општопознато е дека инфраструктурните објекти се од посебен интерес за севкупниот развој на државата, потребно е поволно да ги поврзуваат населените места, а воедно и поповолно поврзување со инфраструктурата од соседните држави, а притоа да не се загрозуваат изградбите на инфраструктурни објекти кои исто така се од посебен, па и поважен интерес (на пример, хидротехничките објекти).

Покрај поговорката дека патот (воедно и железницата) е живот, не треба да се потенцира дека без вода нема живот, а водата е дар на природата.

Корисно е да има повеќе предлози од кои комисија составена од стручни лица од повеќе области ќе избере варијанти за подетална обработка (идејни проекти), од кои, пак, ќе се избере најповолната варијанта за изградба на железничката пруга.

За делницата Неготино – Гевгелија (Смоквица) ценам за корисно да ја предложам следната варијанта: почеток од железничката станица Неготино, во насока кон с. Тремник, с. Дрен, местата Змијарник, Студена Глава, Парболозница, с. Петрово, с. Милетково и кај с. Смоквица се приклучува на постојната пруга за Гевгелија. Должината по постојната пруга изнесува 49 км, а по предложената варијанта 42 км, односно е покуса за 7 км.

По предложената варијанта е оценето дека нивелетата по должина, сметано од Неготино кон Гевгелија ќе изнесува 5,00/12,00; 5,00/ 14,00; 2,50/8,00 и 13,50/7,11.

на делницата помеѓу Змијарник и Парболозница е предвиден тунел со L=6,70 км и 8,57%. Поточни податоци ќе се обезбедат со изработка на идеен проект.

(Авторот е магистер градежен инженер)

ЈАЗИКОТ НА КОЈ СЕ НАПИШАНИ, КАКО И СТАВОВИТЕ ИЗНЕСЕНИ ВО КОЛУМНИТЕ, НЕ СЕ СЕКОГАШ ОДРАЗ НА УРЕДУВАЧКАТА ПОЛИТИКА НА „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот