Александар Вучиќ
Александар Вучиќ / EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

„Јутарњи лист“: Хрватска ќе му дозволи на Вучиќ да го посети Јасеновац, но со договор и не пред есента

Хрватска ќе дозволи посета на претседателот на Србија Александар Вучиќ на Јасеновац, но тоа сигурно нема да се случи пред есента бидејќи тоа е настан што треба да се договори по дипломатски канали и многу темелно да се подготви, пренесува денеска загрепски Јутарњи лист, повикувајќи се на извор близок до хрватската влада.

Според изворот на весникот, тоа не било случај минатиот петок кога „Вучиќ само го известил Милорад Пуповац дека сака од Босна и Херцеговина, да оди во Пакрац и Јасеновац, а тоа не се прави така”.

Соговорникот на Јутарњи лист ги демантираше објавените информации според кои српската дипломатија уште во март, па и подоцна се обидела да ја договори посетата на Вучиќ во Јасеновац.

„Тоа не е точно. Единствениот обид беше комуникацијата на Вучиќ со Пуповац, пред тоа немаше ништо”, нагласил соговорникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!