
ЈСП „Скопје“ воведува две привремени линии за Саемот на книгата
ЈСП „Скопје“ воведува две нови привремени линии додека трае Саемот на книгата во СЦ „Борис Трајковски“.
Препорачано
– Ве информираме дека од среда (4.05.2022 год) до понеделник (9.05.2022 год), во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени две привремени линии кои ќе сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“. Станува збор за линиите 100 и 200 и првата ќе сообраќа од Ново Лисиче, а втората од Дексион. И двете линии се воведуваат за полесен пристап на посетителите на Саем на книга 2022 год, кој ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски“. Цените на автобуските билети се според официјалниот ценовник на ЈСП „Скопје“, а возниот ред е достапен на веб страната на претпријатието – информираат од јавното сообраќајно претпријатие.
Трасите на движење на линијата со број 100 која ќе превезува патници од Ново Лисиче до СЦ „Борис Трајковски“ е од улицата Февруарски поход, булевар Видое Смилевски Бато, булевар Јане Сандански, булевар Кузман Јосифовски Питу, булевар Кочо Рацин, улица 11 Октомври, улица Димитрие Чуповски, булевар Св. Климент Охридски, булевар Партизански одреди, улица Бледски договор, Арена Борис Трајковски и обратно по истата траса.
Линијата со број 200 која ќе превезува патници од Дексион до СЦ „Борис Трајковски“ пак ќе сообраќа по улицата Црногорска, улицата Кузман Шапкарев, улица Ѓорче Петров, булевар Партизански одреди, улица Бледски договор, СЦ Борис Трајковски и обратно по истата траса.