Слободан Милошевиќ (лево), тогашниот шеф на тајната српска полиција Јовица Станишиќ (средина) и неговиот син Марко Милошевиќ (лево) фотографирани во 1997 година / EPA PHOTO / EPA FILES / PREDRAG MITIC

Јовица Станишиќ ќе го отслужи остатокот од затворската казна во Германија

Поранешниот шеф на Службата за државна безбедност на Србија, Јовица Станишиќ, кој беше осуден на 15 години затвор во Хаг за воени злосторства во Босна и Херцеговина и Хрватска, ќе го отслужи остатокот од казната во Германија, објави денес Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови во Хаг, пренесе Радио Слободна Европа.

Претседателката на Механизмот, Грацијела Гати Сантана, наводно на 9 октомври 2024 година донела одлука дека Јовица Станишиќ, кој беше осуден на 15 години затвор од страна на Жалбениот совет, ќе ја отслужи казната во Германија, но доверливоста на таа наредба беше укината дури откако беше одобрено префрлањето на Станишиќ во Германија.

Сантана побара од секретарот на Механизмот да испрати официјално барање до Владата на Германија за извршување на казната на Станишиќ, а доколку германската влада го прифати ова барање, ќе го информира Станишиќ и надлежните органи во Холандија и ќе ги преземе сите потребни мерки за негов трансфер во Германија што е можно побрзо, се вели во соопштението.

Сантана, земајќи предвид дека Германија е подготвена да му помогне на Механизмот во врска со извршувањето на казната на Станишиќ и дека Станишиќ можел да ги покрене сите прашања поврзани со неговото здравје со германската влада пред неговиот трансфер, одлучи Јовица Станишиќ да ја издржува казната во Германија.

Таа побара од секретарот, по трансферот на Станишиќ во Германија, да го поништи доверливиот статус на оваа наредба и повторно да ја објави како јавен поднесок, се наведува во соопштението на Механизмот.

Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови со седиште во Хаг ги осуди поранешните началници на Одделот за државна безбедност на Србија, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ, на по 15 години затвор за помагање и поттикнување на извршувањето на воените злосторства во Босански Шамац.

Симатовиќ и Станишиќ беа прогласени за виновни по сите пет точки од обвинението како помагачи, но не и како учесници во Заедничкиот злосторнички потфат (ЗЗП).

Тие беа осудени затоа што, според мислењето на првостепениот судски совет, знаеле дека учесниците во ЗЗП имале намера насилно и трајно отстранување на мнозинството од несрпското население од големи области во Хрватска и Босна и Херцеговина со извршување на кривичните дела наведени во обвинението.

Станишиќ и Симатовиќ се обвинети по четири точки од обвинението за злосторства против човештвото: прогон, убиство, депортација и нечовечки дејствија, и едно обвинение за кршење на законите или обичаите на војување – убиство.

Станишиќ беше началник на Службата за државна безбедност на Министерството за внатрешни работи на Србија, а Симатовиќ негов заменик. Двајцата беа уапсени на 13 март 2003 година во Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!