Јон Фрчкоски

Јон Фрчкоски: Социјалдемократите треба да го разбијат монополот на десницата врз идентитетските и националните прашања

Социјалдемократите и левите либерали треба да ја напуштат како погрешна слепата верба во технолошкиот напредок, како автоматски пат кон еманципација на индивидуата и ослободување на општеството во целина. Тоа е тешка задача, но неопходна за релативизирање на модернистичката парадигма за автоматскиот напредок, рече Јон Фрчкоски, директор на Центарот за истражување и анализа на СДСМ, на конференцијата организирана од ФЕС, во Подгорица, Црна Гора.

„Социјалдемократијата треба да научи дека национализмот не одумира со напредокот и глобализацијата. Тој треба да се зацврсти и засили како единствен одговор на слепиот глобализам, како сигурна заштита од отворањето на нациите и државите, кое буди страв од иднината и заштитата на културниот идентитет. Социјалдемократијата треба да пронајде приемчив проект на валидација на националната култура и отворањето, кое не е десничарско, но сериозно ги разбира и создава простор за развој на националните партикуларни култури“, рече Фрчкоски.

Тој на конференцијата во Подгорица потенцираше дека социјалдемократијата треба да пронајде начин да докаже дека со отворањето и регионална и глобална солидарност, националниот спецификум не се губи, ниту загрозува, туку може да се зацврсти и да добие на самодоверба.

„Социјалдемократијата мора да го разбие монополот кој го има десницата врз културните, идентитетските и националните прашања. Бидејќи најголем дел од идните политички борби се борби во контекст на културата и нејзините избори. Социјалдемократијата и левиот либерализам мора емоциите во политиката да ги разберат, не да ги потценат како второстепен политички инстинкт, и да се подготват за борба за своите вредности на индивидуални човекови права, права на етничките малцински култури и ранливи групи и малцинства, правда и солидарност, а не овие вредности да ги земаат здраво за готово како еднаш достигнати и веќе дадени“, рече Фрчкоски.

Националната десница во Македонија е само по проста форма на основните линии опишани кај европската радикална десница (национализам, вдомена етничка омраза, ксенофобија и затвореност, лажна реторика про – ЕУ но сè се прави да остане изолацијата на земјата (континуитет на груевистичката политика) крајна неодговорност на блокирање на земјата.

СДСМ и левата коалиција мора да пронајде форма на создавање привлечен модел на отворен еманципиран Македонец/ка како културно дефиниран и самоуверен лик за кој може да се гласа без страв од ‚‚наводно исчезнување“ со отворањето.

Јон Фрчкоски именуван за директор на Центарот за истражување и анализа на СДСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот