Антонио Јолевски, претседател на Советот на Јавни обвинители / Утрински брифинг
Антонио Јолевски, претседател на Советот на Јавни обвинители / Утрински брифинг

Јолевски: Работата на ОЈО ГОКК е клучна во борбата против корупцијата

Работата на обвинителството и особено на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е клучна во борбата против корупцијата (ОЈО ГОКК) и сметам дека тоа обвинителство ќе треба сега малку повеќе и поинтензивно да работи, изјави денеска претседателот на Совет на јавни обвинители Антонио Јолевски, одговарајќи на новинарски прашања за критиките од странство за борбата против корупција, пред почетокот на завршната конференција за „Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017 – 2022): Достигнувања, научени лекции и препораки”, во организација на Блупринг групата.

Според Јолевски, резултатите ќе се видат кога ќе почне да се отвораат предмети, нагласувајќи дека тоа е подолг процес и не може веднаш да се видат резултатите.

Треба да се започнат постапките и треба да се отворат предмети онаму каде што е очигледно, онаму каде што веќе има индиции да ги проверат сите тие наводи и не ни треба нас само од странство да ни кажат, ние самите знаеме за многу места, ги слушаме и од вас медиумите и сметам дека тоа обвинителство ќе треба сега малку повеќе кога има веќе и шеф тоа обвинителство да започне поинтензивно да работи на тие предмети, изјави Јолевски.

Борбата против криминалот и корупцијата, посочи, е работа на сите обвинителства, меѓутоа организираниот криминал е исклучиво во надлежност на тоа обвинителство, додека останатите обвинителства во рамките на своите надлежности ќе треба на локално ниво да ги расчистат оние работи кои тие ги имаат во своите средини.

Ние не зборуваме за одделни случаи. Во оваа држава ние зборуваме дека постои организиран криминал на повисоко ниво, односно на сите нивоа и затоа секој во рамките на своите надлежности би требало да започнат борбата со корупцијата и со криминалот, изјави Јолевски.

Прашан што досега е направено, тој кажа дека и досега имало и се работело на такви предмети, но проблемот е колку од нив јавноста ги дознала и колку треба обвинителството да се отвори во делот на транспарентност за да објасни по кои предмети и каде учествувало.

Сметам дека треба и обвинителството малку да поработи на транспарентност за да се запознае јавноста дека не е ова проблем само сега, туку и дека порано се работело на такви предмети, изјави Јолевски.

Перцепцијата на јавноста и странскиот фактор, според него, делумно е и заради затвореноста, посочувајќи дека сепак, јавноста не знае и за она што работи обвинителството.

Голем дел од постапките се и во почеток тајни, не се знаат сите податоци и не е ни во интерес на истрагата да се објавуваат сите податоци, меѓутоа сметам дека обвинителството треба во понатамошниот тек на постапката кога ќе ги процесуира да биде поотворено и да ги известува јавноста и останатите за да знаат до која фаза се стигнати со постапките, изјави Јолевски.

Обвинителствата, посочи Јолевски, работат со една третина помалку од потребниот број од 244 обвинители, односно дека во овој момент недостигаат 82 обвинители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот