Јапонија - Фотографија ЕПА, Кимимаса Мајама

Јапонија, една од земјите каде луѓето живеат најдолго- во земјата има повеќе од 92.000 стогодишници

Луѓето во Јапонија имаат најдолг животен век благодарение на постојаното подобрување на здравствениот систем, потрошувачката на свежа храна и активен животен стил.  Потврда за ова е статистиката која покажува дека бројот на јапонски жители постари од 100 години во моментов изнесува 92.139, што е најголем во последните 53 години, покажуваат податоците на јапонското Министерство за здравство, труд и благосостојба.

Во текот на годината, бројот на Јапонци кои слават стогодишнина се зголеми за 1.428 луѓе.

Од вкупниот број, 88,5 отсто се жени, од кои повеќе од 81.500. Има нешто повеќе од 10,5 илјади мажи.
Најстарата жителка на Јапонија е Фуса Тацуми од префектурата Осака која има 116 години, а најстариот маж е 111-годишниот Гисабуро Сонобе од префектурата Чиба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот