Фото МИА

Јамбол е „Кукерландија“: Денеска и утре е кулминацијата на 24-от Меѓународен фестивал на маскенбал

Јамбол е „Кукерландија“ – денеска и утре е кулминација на 24. Меѓународен фестивал на маскенбал. Во градскиот парк се одржуваат натпреварувачки дефилea од 51 група со над 1000 учесници од целата држава.

Кукери, сурвакари, камилари, возачи на мечки и секакви ликови од националниот ритуал на маскенбал го покажуваат богатството и зачувувањето на бугарските традиции. Надвор од натпреварувачката програма настапуваат маскенбал групи од странство. Меѓу нив е и групата на мечкина кожа од Северна Романија која првпат доаѓа во посета, како и фолклорните групи од Турција.

Претседател на жирито е етнологот проф. д-р Николај Ников, а членови се: кореографот проф. д-р Антон Андонов, доцент д-р Иглика Мишкова од Институтот за етнологија и фолклористика при Етнографскиот музеј при БАН, уметничкиот директор и кореограф на Фолклорниот ансамбл „Туња“ Петар Димитров и етнографката Станислава Минева од Регионалниот историски музеј во Јамбол.
Кукери не ги бркаат злите сили, туку ја будат земјата за плодност, изјави за БТА претседателот на жирито проф.д-р Николај Ников. Кукерскиот обред е машки пролетен обичај на орање и сеење на полињата. Жените категорично не смеат да учествуваат во ритуалот, бидејќи ниту мажите не играат во Лазарските групи, додаде проф.Ников. Тој нагласи дека тоа е и главниот критериум за оценување на групите.

„Нема начин жените да влезат во машките обичаи. Не е дозволено и учество на деца. Значењето на кукерските игри е оплодување. Децата можат да бидат присутни, но не и да играат“, истакна кореографот Петар. Димитров.

Дел од фестивалот е и Националниот празник „Кукеријада Тунџа – Долина на Кукерите“. Се одржува на отворени сцени во селата на општина Тунџа кај Јамбол, каде се зачувани автентичните традиции.

Сокаците во паркот Јамбол и дел од централната пешачка зона се претворени во улици на занаети и секакви кулинарски задоволства. Утре се очекува кулинарското шоу на Ути Бачваров „Свинско со вино во кукерски стил“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!