
Јакимовски: Во земја во која сме поделени по секоја основа, денеска сите плачеа во ист глас
Игор Јакимовски, тренерот на атлетичарот Дарио Ивановски кој ја претставуваше Македонија на Летните олимписки игри во Париз во текот на вчерашниот ден помагаше во кочанската болница.
Препорачано
На видеото коешто го објави на социјални мрежи Јакимовски ја раскажа целата атмосфера во Кочани и праша дали секогаш треба да чекаме да ни се случи трагедија за да бидат преземени мерки.
„Сум бил многупати сведок на вакви сцени со трагичен епилог, но ова денес е најтраорната сцена која сум ја доживеал. Во Македонија без никаква причини сме поделени по секаква основа ВМРО-СДСМ, муслимани-православни, Македонци,Албанци,Турци…поделени без никаква причина. Денеска немаше поделени, сите плачеа во ист глас.Треба ли да ни се случат вакво нешто за да ги сфатиме овие работи?. Денеска не видов поделби, само очај, да им соопштуваш на дваесетина мајки и татковци дека нивните деца не се живи. Да го гледаш целиот нивни очај, да бидеш сведок на сето тоа. Денеска се чувствував исто како тие родители. На секој може да му се случи. Секогаш ли треба да чекаме вакво нешто да се случи за да се преземаат мерки? Нека преземат мерки сите оние кои треба да преземат мерки“, рече Јакимовски.
Досега 59 лица го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ а над 150 се повредени.