Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, во посета на НП „Маврово“

Известувачот на ЕП за Македонија, Томас Вајц, го посети националниот парк „Маврово“

Австрискиот европратеник Томас Вајц, кој е постојан известувач за Македонија во Европскиот парламент, денеска го посети националниот парк „Маврово“.

На средбата со раководството на установата, Вајц искажал задоволството од теренското разгледување и посочил дека регионот и паркот имаат огромни потенцијали за развој на алтернативниот туризам и сточарството.

Од НП „Маврово“ информираат дека на работната средба гостинот се заложил земјава да добие правичен третман и наскоро да ги започне преговорите со Европската Унија и дал ветување дека во извештајот ќе го подвлече проблемот на неможноста од значително искористување на европските фондови.

Директорот на НП „Маврово“ Харис Ибраими го запознал новиот европратеник со плановите за периодот кој следува и активностите за заштита на природните ресурси, но и предизвиците кои се однесуваат на масовното иселување на локалното население.

Ибраими на средбата предложил да се стави поголем фокус на финансиската поддршка за граѓаните и бизнис секторот во рурални средини со што би се помогнало при создавање на подобри услови за населението и негово опстојување на територија на паркот.

Европратеникот Томас Вајц од Зелените е нов известувач на ЕП за Северна Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот