Исак Херцог/ Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израелскиот претседател ја поздрави одлуката на Трамп да ги нападне иранските нуклеарни објекти

Израелскиот претседател Исак Херцог ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги нападне нуклеарните објекти на Иран, велејќи дека „историската одлука“ би можела „јасно да го промени текот на Блискиот Исток кон многу подобра иднина“.

Во разговор за Си-Ен-Ен, Херцог не кажа дека нуклеарната програма на Иран е целосно уништена, но рече дека е „многу лошо погодена“ од израелските и американските напади, објави „Тајмс оф Израел“.

Херцог повтори дека промената на режимот „воопшто не е официјална цел на оваа војна“, но дека тоа би бил „многу добредојден несакан ефект“. Тој изрази надеж дека американскиот напад ќе создаде можност за мир во регионот, вклучително и меѓу Израел и Палестинците.

Трамп рано утрово објави дека САД погодиле три објекти за збогатување ураниум во Иран преку ноќ и дека сите три објекти се целосно уништени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот