
Израелска армија влезе во близина на центарот на Газа
Израелската армија денеска влезе во густо населената населба Шеик Радван, во градот Газа, а војниците и тенковите сега се на само неколку километри од центарот на градот, и покрај меѓународните повици за запирање на офанзивата, јавува Ројтерс.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Жителите на градот Газа изјавија дека армијата уништила домови и шаторски кампови во кои биле сместени раселени Палестинци за време на речиси двегодишната војна, додека здравствените власти изјавија дека најмалку 24 Палестинци, од кои некои деца, биле убиени низ Појасот Газа во текот на денот.
Жителите на Газа потврдија дека израелските беспилотни летала пуштале аудио пораки со кои им се наредувало на луѓето да ја напуштат областа.
Израелската армија истрелала гранати врз три училишта во областа Шеик Радван, што се користеле за засолнување на раселените Палестинци, а според жителите, шаторите биле запалени во гранатирањето, додека Палестинците од областа избегале пред бомбардирањето.
Армијата, исто така, бомбардирала медицинска клиника, уништувајќи две амбулантни возила, наведуваат сведоци.
Израелската армија во соопштението изјави дека денеска ќе продолжи да дејствува против „терористичките организации“ во Газа и дека ќе „ја отстрани секоја закана за Израел“.