Израелска армија напади EPA-EFE/ALAA BADARNEH

Израел планира да воведе воена власт во Газа

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, планира да ја предупреди Владата на Израел дека нема да има друг избор освен да воведе воена администрација над Појасот Газа уште во ноември, доколку продолжат плановите за освојување на градот Газа, објави израелскиот Канал 12.

Тој се спротивставува на планот на владата за освојување на градот Газа и ја повика владата да прифати договор за прекин на огнот со кој ќе се ослободат преостанатите заложници што ги држи палестинската милитантна група Хамас, објави „Тајмс оф Израел“.

Канал 12 објави дека Замир ќе ги изврши наредбите за освојување на градот Газа, но ја предупреди израелската влада да се подготви за воени и дипломатски последици. На 29 август, израелската армија го прогласи градот Газа за „опасна воена зона“, пред најавената офанзива насочена кон преземање целосна контрола врз градот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги одобри воените планови за преземање целосна контрола врз градот Газа и ја одобри мобилизацијата на речиси 60.000 резервисти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!