Италијанските активисти депортирани/Фото: Икс

Израел: Четворица италијански активисти од флотилата за Газа веќе се депортирани

Четворица активисти од флотилата што се обидоа да ја пробијат израелската поморска блокада на Појасот Газа веќе се депортирани од земјата, соопшти израелското Министерство за надворешни работи, пренесува Тајмс оф Израел.

Повеќе од 470 активисти беа уапсени на 42 брода од Глобалната флотила Сумуд, кои беа спречени од израелската морнарица да стигнат до Појасот.

Израелското министерство соопшти дека „се во тек процедури за заклучување на провокацијата Хамас-Сумуд и финализирање на депортацијата на учесниците во оваа измама“.

„Четири италијански државјани веќе се депортирани. Останатите се во процес на депортација. Израел сака да го заврши овој процес што е можно поскоро“, додаде тој.

Министерството прикачи фотографии од шведската активистка Грета Тунберг и други активисти по нивното пристигнување во Израел вчера.

„Сите се безбедни и во добра здравствена состојба“, додадоа од таму.

ВО ЖИВО: „Ројтерс“ ја следи флотилата со хуманитарна помош за Палестинците – бродовите се доближуваат до Газа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот