Фото: МИА

Израел ѝ се заканува на Европа со одмазда за предложените санкции

Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, ги нарече предложените мерки на Европската комисија против Израел „морално и политички искривени“, објавува „Тајмс оф Израел“.

„Потезите против Израел ќе им наштетат на интересите на самата Европа“, рече тој на социјалната мрежа X.

Саар вети дека Израел, „со помош на своите пријатели во Европа, ќе продолжи да се бори против обидите да му се наштети додека се соочува со егзистенцијална војна“. Чекорите против Израел ќе бидат одговорени со иста мерка и се надеваме дека тоа нема да биде потребно“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот