фото Архива

Измамници од Дебар 12 години искористувале сограѓанка-пензионерка, ја „олесниле“ за 13.000 евра

Двајца жители на Дебар во текот на 12 години неколкупати измамиле повозрасна сограѓанка, на која исто така ѝ ги злоупотребиле личните податоци, за на нејзино име да земаат кредити, соопшти полицијата.

„ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.Ц.(39) и Ќ.Ц.(46), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама” и „злоупотреба на лични податоци”. Пријавените сопружници, во периодот од 2010 до 2022 година, свесно и со умисла, во неколку наврати довеле во заблуда повозрасна жителка од Дебар која, од една банка и 2 финансиски друштва, подигнала кредити и како заем им ги дала на пријавените кои и ветиле дека парите ќе и ги враќале на рати. Пријавените, исто така, ги злоупотребиле личните податоци од личната карта на оштетената и од нејзината е-маил адреса до едно финансиско друштво поднеле онлајн апликација за добивање брз кредит, по што парите ги подигнале од нејзината трансакциска сметка“, се вели во полициското соопштение.

Со тоа, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 777.000 денари, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот