
Изгради империја од гаража, а сега е пред банкрот: Пропаѓа Словенецот кој стои зад Дормео
До пред извесно време бизнисменот Санди Чешко беше рангиран меѓу десетте најбогати Словенци, со богатство од 200 милиони евра. Неговите производи Дормео, Делимано и Космодиск имаат навлезено речиси во секое домаќинство. Веројатно затоа изненади веста дека овој милионер е на работ на банкрот.
Препорачано
Чешко е сопственик на групацијата Студио Модерна, која стои зад многу познати брендови како што е Дормео. Својата деловна империја ја изградил од гаража во Словенија, за да за кратко време стане еден од најбогатите луѓе во таа земја. Меѓутоа, сега се чини дека е пред банкрот.
-Тоа е технологија за пружини од пена која се користи во производството на душеци, мебел и професионални седишта. Неговата предност е што, од една страна, ја обезбедува поддршката што претходно се постигнуваше со метални пружини и таканаречената „удобна“ пена, а од друга страна ги намалува трошоците за производство во однос на класичните душеци од пена, со оглед на тоа што се користи 50 отсто помалку материјал- објаснуваше тогаш Чешко.
Поранешниот деловен соработник на Чешко, Бранимир Бркљач, вели дека Чешко го купил изумот Космодиск од Србинот Бранко Стојановиќ.
-Чешко го основа Студио Модерна во 1992 година и почна да го продава Космодиск, прво во мали количини. Во пролетта 1993 година се договоривме за продажба на правата на Космодиск на Студио Модерна. Нарачавме и добивме медицински истражувања за влијанието на Космодиск во лекувањето на проблемите со ‘рбетот- рече Бркљач.
Во овој дел од Европа, Чешко беше прв што сфати дека може да ги рекламира своите брендови во специјални емисии, а не само во кратки телевизиски реклами. Овој потег му донесе на Чешко вртоглав раст на продажбата и нови пазари.
– Ги емитувавме првите видеа за Космодиск на еден словенечки телевизиски канал. Тогаш се роди идејата за Топ Шоп, кој ќе ја консолидира продажбата на неколку производи. Така започна ширењето од Словенија во Хрватска, Унгарија и други земји- рече Бркљач.
Сепак, некои медиуми заклучија дека пребрзиот раст на компанијата носи одредена доза на ризик, така што компанијата може брзо да стане мета на побрзи и поагресивни конкуренти.
-Имавме вртоглава стапка на раст – дваесет до триесет проценти годишно- вели Чешко во едно итревју за хрватскиот портал Јутарњи лист. За време на пандемијата, Студио Модерна работеше во Полска, Унгарија, Романија, Бугарија, Македонија, Чешка, Словачка, Молдавија, Латвија, Литванија, како и во Украина.
Чешко зборуваше за тешкотиите на водење бизнис на почетокот на мај кога се пожали дека војната во Украина му донела „големи проблеми“.
Приходите на Студио Модерна – продажба на ТВ пред пандемијата на корона беа меѓу 35 и 37 милиони евра, а лани паднаа на 21,7 милиони евра. Падот на приходите донесе огромни загуби.
Само лани компанијата Студио Модерна – продажба на ТВ оствари загуба од 3,5 милиони евра, а последен пат со добивка работеше во 2018 година. Се намалува и бројот на вработени во компанија – моментално ги има околу 350, а во 2021 година повеќе од 400.
Во 2021 година компанијата затвори непрофитабилни малопродажни единици, го намали бројот на вработени, се воздржува од нови проекти поради зголемените неизвесности во опкружувањето- се вели во деловниот извештај на Студио Модерна – продажба на ТВ.