Фото: ТВ Тера

Изгоре стара битолска зграда во центарот на градот

Пожар претпладнево избувна во стара куќа на улицата Климент Охридски во центарот на Битола, спроти комплексот Старата Болница. Станува збор за објект кој претставува сведоштво на старата битолска архитектура.

Битолските пожарникари интервенираа со две противпожарни возила и седум пожарникари, кои брзо реагираа и го локализираа пожарот.

– Огнот е ставен под контрола. Во интервенцијата беа зафатени две соби и кровната конструкција на објектот – изјави командирот на Територијалната противпожарна единица Битола, Христијан Тодоровски.

Причините за пожарот засега не се познати, а екипите на терен остануваат за да спречат повторно разгорување на огнот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот