Фото: Принтскрин

Изгоре продавница на модниот бренд „Синсеи“ во Неготино неколку дена пред отворањето

Продавницата на модниот бренд „Синсеи“ во Неготино, која синоќа целосно изгоре во голем пожар, требало свечено да се отвори за само една недела, на 3 октомври, објави „4ЊУЗ“.

Според информации на порталот, пожарот избувнал откако се запалила картонската амбалажа што била оставена надвор од дуќанот по отпакувањето на робата за новиот објект.

Инцидентот се случил во доцните вечерни часови, а брзата интервенција на противпожарната единица и евакуацијата на станарите од зградата над дуќанот спречиле уште поголема катастрофа. За среќа, во пожарот нема повредени лица, но материјалната штета е огромна бидејќи целиот инвентар и новопристигнатата стока се претвориле во пепел.

Она што требаше да биде приказна за нова инвестиција во градот, на само неколку дена до отворањето, се претвори во голема несреќа и во сериозна финансиска загуба за сопствениците.

Истрагата за причините за пожарот е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот