фото: mtftennis.mk

Ивановски со победа ги почна квалификациите во Бергамо

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски со победа ги стартуваше квалификациите на Челинџер 75 турнирот што се игра во Бергамо, Италија, (тврда подлога, сала) за награден фонд од 73.000 евра.

Ивановски во првото коло од квалификациите го победи Италијанецот Алесио Балестиери со 2:0 во сетови 6:2 и 6:1 за 48 минути игра.

Македонецот ја потврди фаворитската улога против 16-годишниот ривал успевајќи да „запише“ 10 ас сервиси, а притоа направи и пет брејка во двата сета. Противникот водство имаше само од 1:0 во секој од сетовите.

Во првиот сет Ивановски брејк направи во третиот и петиот гем за водство до 4:1, за потоа да води и со 5:1 и сетот да го заврши со 6:2. Во овој сет Балестиери спаси две брејк топки, додека во вториот сет спаси четири брејк топки. Во вториот сет Ивановски имаше три брејка во третиот, петтиот и седмиот гем и сетот го доби со 6:1 искористувајќи ја првата меч топка.

Утре во финалното коло од квалификациите Ивановски ќе игра против искусниот тенисер 35-годишниот Михаил Кукушкин од Казакстан, кој денеска го победи Италијанецот Федерико Арнаболди со 6:3, 6:2. Кукушкин има 35 години и се наоѓа на 211 место, а најдобриот ранг (39 место) го имаше во февруари 2019 година.

Калин за неделата помината со Ѓоковиќ: Учев од најдобриот…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот