
Ивановска: Состојбите во Извештајот на ЕУ веќе сме ги констатирале, неказнивоста е најголемиот проблем
Околу 99 отсто од препораките и состојбите кои се нотирани во Извештајот на ЕУ ние веќе сме ги констатирале, вели претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска при денешната посета на Тетово.
Препорачано
Таа вели дека неказнивоста како и меѓусебното непочитување на институциите се најголем проблем.
„Во Извештајот на ЕУ, Државната комисија за спречување на корупција е позитивно оценета, нашата работа е позитивно оценета. Но, жал ми е што имаме таков извештај, мака ми е што домашните институции не се почитуваат меѓу себе, конкретно нашите препораки не се почитуваат, препораките на Државниот завод за ревизија не се почитуваат и ние не можеме да одиме напред, ако меѓусебе не се почитуваме. Ако правосудниот сектор е во ред, сите други меѓу себе ќе се средат, затоа што тој сектор треба да продуцира казнивост, а ние најголем ризик од корупцијата покрај политичкото влијание имаме и од неказнивоста, во отсуство на интегритет ни се случува тоа што го гледаме.Треба дополнително да се прави анализа во Министерството за политички систем, после анализата можеме да кажеме што би било понатака. Имаме отворено предмет за министерот за политички систем, но се уште е рано да се каже за тоа“, вели претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска.
Таа денеска со нејзиниот тим беше во посета на две основни училишта во Тетово во рамки на едукативната кампања „Бидете херои на чесноста“„ каде на учениците им се одржа предавање на тема корупција.
„Денеска дојдовме во ова основно училиште во Тетово како дел од кампањата бидете херои на чесноста, со која се опфатени 13 основни училишта, се со цел да се доближиме до најмладата популација и да има кажеме како може и како треба да се справат со нечистите и лошите работи односно корупцијата. Децата се нашата иднина, а сликата која ја добивме не ветува многу. Имено најголем број од дечињата одговораат дека се сведоци на незаслужени оценки, понатака причината ја бараат во тоа што родителите бркаат врски, тоа е нивната слика и перцепција. На прашањето дали пријавуваат неправилност, одговорите се дека не пријавуваат. Треба да се работи со децата, за да ги пријавуваат ваквите случаи“, дополни Ивановска.