НАТО Самит во Брисел/Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Итен состанок на НАТО поради руските авиони во Естонија

Претставници на 32 земји од НАТО ќе се сретнат утре наутро во Брисел, на барање на Естонија по руското навлегување во воздушниот простор на таа балтичка земја, објави денес функционер на Алијансата.

Состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на амбасадори ќе се одржи во рамките на член 4 од договорот за НАТО, кој предвидува консултации меѓу сојузниците во случај на закани против една од нејзините членки.

Во петокот, три руски борбени авиони влегоа во естонскиот воздушен простор и останаа таму 12 минути, предизвикувајќи протести од НАТО и Европската Унија поради, како што наведоа, нови руски „провокации“, додека Москва негираше какви било повреди на воздушниот простор.

Советот за безбедност на ОН денес ќе одржи итен состанок како одговор на очигледното кршење на естонскиот воздушен простор од страна на Русија, објави естонското Министерство за надворешни работи во петокот.

Упадот се случи откако Полска, исто така членка на НАТО, на почетокот на септември објави дека руски беспилотни летала постојано го нарушувале нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина, што Варшава го осуди како „агресија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот