
Истрагата откри: 14-годишниот Михаил по убиството на Игор му украл 1.800 лева, малолетникот имал дебело криминално досие
Убиениот Македонец Игор Николовски и 14-годишниот Михаил од Бугарија, имале договор за интимни односи во Сончев Брег, но малолетникот го нападнал Николовски, му украл пари и го убил, објавува бугарскиот сајт Флагман.
Препорачано
Убиството најверојатно се случило во саботата, а исчезнувањето на Николовски било пријавено во вторникот од страна на неговиот внук со кого дошле на работа за летната сезона. Договор за секс е основата на убиството на 50-годишниот Македонец Игор Николовски во Сончев Брег, пишува Флагман. Пред кобниот ден двајцата не се познавале. Се договориле да имаат сексуален контакт, отишле во местото до ресторанот „Бачвата“, но настанало недоразбирање поради што малолетникот зел дрвен колец и му задал смртоносни удари на Николовски по што му ги украл парите. Со парите си купил работи за себе, објасни директорот на МВР-Бургас. Полицијата уште не го пронашла телефонот на убиениот македонски државјанин, кој работел за бизнисмен во текот на летната сезона, а во зимската сезона работел во Банско.
Според Флагман Михаил имал криминално досие, а против него почнале и постапки од порано за кражби. Не одел на училиште и потекнувал од семејство со низок социјален статус. Според Флагман.Бг и минатата есен претепал со стап украински државјанин и му го украл златниот накит.
Обвинителот Иван Кирков објасни дека Михаил е обвинет по член 115 а поради тоа што е малолетен максималната казна е до 5 години затвор. Ако делото биде преиначено во убиство поради себична корист тогаш казната може да е повисока.
-На 14 години да имаш извршено неколку кривични дела и да го завршиш тоа со убиство не може да се перцепира како прифатливо изјави полицискиот висок комесар Калојан Калојанов.
Обвинителот Кирков го опиша настанот како вознемирувачки.