Лада Гранта / Фото EPA/MAXIM SHIPENKOV

Историски пад на продажбата на патнички автомобили во Русија

Продажбата на нови патнички автомобили, лесни комерцијални возила, камиони и автобуси во Русија се намали за 25 проценти во периодот од јануари до август, објави Министерството за индустрија и трговија.

Ова значи дека во првите осум месеци од оваа година, бројот на продадени возила од споменатите типови изнесувал 877.600 единици, објави ТАСС. Во набљудуваниот период, пазарот на нови автомобили произведени во Русија, исто така, изгубил околу шест проценти и овој број сега изнесува 483.000 продадени нови возила. Поединечно, продажбата на патнички автомобили се намалила за 23 проценти на 768.200 единици, лесни комерцијални возила се намалиле за 21 процент (66.400 единици), камиони се намалиле за 56 проценти (35.960) и автобуси се намалиле за 49 проценти (7.000). Во август, продажбата на нови возила се намали за 21 процент на годишно ниво, на 135.500 единици, пренесува Политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!