
Истанбулскиот суд одреди притвор за јутјубер и рапер поради шега што го навредува исламот
Истанбулскиот суд нареди притвор за јутјуберот Богач Сојдемир, водител на емисијата „Согук Савас“, и неговиот гостин, раперот Енес Акгундуз, откако обвинителите рекоа дека направиле шега во емисијата во која се повикувале на хадис, или учење на пророкот Мухамед, за кој велат дека може да поттикне верска омраза, објави денес Ројтерс.
Препорачано
Обвинителите рекоа дека забелешката за виното ризикувала поттикнување непријателство на верска основа.
Двајцата мажи се извинија вчера на суд и негираа какво било кривично дело.
Сојдемир рече дека немал намера да поттикнува омраза, дека го отстранил видеото кога бил известен за проблемот и дека се извини на своите профили на социјалните мрежи.
Тој рече дека забелешката „виното е мајка на сите зла“ била коментар од гледач што го прочитал во етер, што погрешно го протолкувал како игра на зборови.
Акгундуз, исто така, отфрли секаков предлог за намерна навреда и рече дека нивниот разговор бил погрешно протолкуван.
Приведувањето на јутјуберот и раперот следеше по затворањето на четворица карикатуристи од сатиричниот неделник „Леман“ поради карикатура за која се смета дека ги прикажува пророците Мухамед и Мојсеј, што турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја опиша како „грозоморна провокација“.