Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Ирина Трајкоска Стрезоски е новата директорка на Академијата за судии и јавни обвинители
Обвинителката Ирина Трајкоска Стрезоски од Вишото јавно обвинителство Битола е новата директорка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. Со најмногу, односно шест гласови „за“, Управниот одбор на Академијата денеска донесе одлука четиригодишниот мандат да ѝ го довери на Трајкоска Стрезоски.
Препорачано
Еден глас помалку, односно пет гласови при денешниот избор доби судијата Ненад Савески од Основен кривичен суд Скопје, а трет, со три гласови беше заменик-директорот на Академијата, Илир Исени.
Судијката Оља Ристова од Кривичен суд и судијата Андреј Димовски од Граѓанскиот суд не освоија ниту еден глас. Додека, судијката Едита Насковска од Управен суд доби два, а обвинителката Спасенка Андонова од ОЈОСкопје еден глас.
Претходно на седницата, која се пренесуваше во живо, дел од членовите на УО посочија дека сите пријавени кандидати ги исполнувале условите за избор.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
31мин
-
39мин
-
48мин
-
54мин
-
59мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5