фото: твитер

Иранскиот шампион во борење егзекутиран откако беше осуден на две смртни казни!

Иран погуби борач обвинет за убиство, јавуваат државните медиуми, и покрај меѓународните апели тој да биде поштеден. Навид Афкари (27) беше осуден на две смртни казни поради убиство на чувар за време на антивладините протести во 2018 година.

Афкари беше погубен утрово откако беше спроведена законската постапка до крај на инсистирање на родителите и семејството на борачот, медиумите ги пренесоа зборовите на претседателот на судскиот оддел во провинцијата Фарс.

85.000 спортисти ширум светот повикаа да се стопира егзекуцијата. Светската асоцијација на играчи соопшти дека тој бил „неправедно таргетиран“ за учество во протестите и повика на исфрлање на Иран од светскиот спорт доколку продолжи со погубувањето.

Воедно постои сомневање дека Афкари бил мачен за да даде лажно признание. Според активистите за човекови права, успешниот борач само протестирал мирно, додека неговиот адвокат тврди дека нема докази за неговата вина.

Иранското судство ги отфрли обвинувањата за тортура.

– Афкари уби невин човек со нож и призна пред судот. Судот донесе смртна казна врз основа на силни докази, а Врховниот суд ја поддржа таквата пресуда – се вели во соопштението на судот.

Американскиот претседател Доналд Трамп исто така апелираше на милост, велејќи дека единствениот чин на борачот „беше антивладина демонстрација на улиците“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот